Директорката на ковид болницата во белградска Батајница, Татјана Аџиќ Вукишевиќ, неодамна изјави дека има поголем број на инфекции кај помладите жени.
Со ова се согласи и епидемиологот д-р Предраг Кон, велејќи дека на почетокот имало повеќе болни мажи.
"Односот беше скоро 2: 1, тој се менува и се намалува и може да биде последица на разни нешта. Не сакам да хипотезирам и да теоретизирам. Едната причина е дека во општеството има повеќе жени па оттаму и повеќе заболени или, втората причина е поради разликата во однесувањето што придонело за ширење на вирусот, нема трета причина “, изјави доктор Кон за ТВ Прва.
Што се однесува до болеста кај помладата популација, тој вели дека ова се нови варијации кои се поприсутни на помлада возраст.
Според него, понатамошното следење треба да покаже дали тоа е последица на промената на самиот вирус.
“Вирусот одлучи да преживее, овие нови варијанти повеќе укажуваат на тоа дека по потекјлото тој е природен “.