Идризи: Никој не може да го забрани името Чамерија

Лидерот на албанската партија која се бори за правата на Чамите –ПДИУ, Шпетим Идризи, изјави дека никој нема право ниту може да го забрани името Чамерија и употребата на оваа име.

Идризи во интервју за тиранската телевизија „Ора њуз“ остро реагираше на барањата на официјална Атина, Албанија да не го употребува името Чамерија и Чами, ниту во школските учебници.

„Да не му отиде на памет некој да се обиде да го избрише името Чамерија и Чами, бидејќи тоа име две илјади години е албански регион кој е облеан со албанска крв“, нагласи лидерот на Партијата за демократија, интегритет и единиство.

Оваа партија за во сабота најави големи протести пред амбасадата на Грција во Тирана за да протестира како што соопшти Идризи против изјавата на претедателот на Грција кој е побара бришење од учебниците на името Чамерија и Чами. Оваа партија оценува дека официјална Тирана не треба да попушта на Грција во однос на отворените прашања меѓу двете држави, како што е проблемот со морската граница, гробиштата на грчките војници во Албанија, малцинствата и проблемот со признавањето на имотите и правата на Чамите.

КМ

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари