Ивица Дачиќ:

Идеите за обединување на Прешевската Долна со Косово се „празни соништа"

Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ ја оцени како „празни соништа" изјавата на претседателот на Националниот совет на Албанците во Србија, Јонуз Муслиу за обединување на Прешевската Долна со Косово

Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ ја оцени како „празни соништа" изјавата на претседателот на Националниот совет на Албанците во Србија, Јонуз Муслиу за обединување на Прешевската Долна со Косово.

- Повиците на Јонуз Муслиу за обеднување на Прешевската Долна со Косово се само празни соништа и тој треба да му заблагодари на Бога што се уште не е уапсен. Освен ако Европската унија не оцени дека и Прешево е „специјален и единствен случај", што не би ме изненадило, изјави Дачиќ за „Вечерње Новости".

Муслиу, кој е и претседател на општинското Собрание на Бујановац, меѓу првите го поздрави референдумот за независност на Каталонија од Шпанија и го повика Белград и меѓународната заедница да го признаат плебисцитот на Албанците во Прешевската долина од март 1992 година за обединување со Косово.

- Референдумот е израз на волјата и легитимно право на домородните народи, како во случајот со Каталонија, кое е загарантирано со меѓународното право. Референдумот на Албанците во Прешевската Долина исто така е легитимен и ова може да го гарантира мирот и стабилноста меѓу Прешево и Србија, но таа треба да го почитува правото на Албанците во јужна Србија, кои гласаа за прклучување кон Косово, изјави Муслиу.

Поврзани

Најнови вести

Коментари