logo
logo
logo

Секоја втора кафана е затворена

Познатата ИБАРСКА МАГИСТРАЛА доживеа тажна судбина

Vecer | 25.03.2023

Познатата ИБАРСКА МАГИСТРАЛА доживеа тажна судбина

Симбол на поранешна Југославија, појдовна точка за многу големи поп имиња, Ибарската магистрала отсекогаш била повеќе од само пат.

На патот од Белград до Краљево од двете страни на патот имало барови, мотели и ресторани, а во последните седум години повеќето од нив се затворени.

Со изградбата и пуштањето во употреба на делот од автопатот Милош Велики, животот како да запре на некогаш најживата делница, а оние ресторани чии бизниси не беа уништени од автопатот, крахираа од короната.

„Речиси секој објект е затворен. Можно е да останат неколку кафулиња во близина на клучката кои се уште работат. Падот на сообраќајот е почувствуван и, а оние објекти кои преживеаја успеаја да го сторат само благодарение на мештаните кои секојдневно се гости , но нема голема заработка. На Ибарска веќе не се зборува за музика, пејачките веќе не доаѓаат овде на настапи“, велат мештаните за Рина.

Љубивоје Ѓуниќ од селото Дудовица, лоцирано покрај Ибарската магистрала, се сеќава на некои поубави времиња кога во нивното село имало речиси исто толку сообраќај колку и во главниот град.

„Овде беше живо, речиси како да сте во центарот на Белград. Ибарска беше главната врска со западна Србија, со Чачак, Горњи Милановац и понатаму до Ужице и црногорското крајбрежје. Сите мораа да поминуваат ваму, таму. немаше поинаку, илјадници возила поминуваа вака до главниот град, денес само оние што треба да одат. Се замолкна, кога поминуваш, не можеше а да не го почувствуваш мирисот на топло печење, што го нема денес. Нашата Ибарска ја снајде тажна судбина“, вели Љубивоје.

Освен мештаните, само повремените патници или камионџии талкаат во локалите кои се уште се отворени. Познатата Ибарска магистрала е можеби најдобриот доказ дека доаѓаат нови трендови, нови навики и дека времето може да ги прегази.

Фото: Рина

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk