logo
logo
logo

И лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК го врати мандатот за формирање Влада

Vecer | 23.05.2023

И лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК го врати мандатот за формирање Влада

Лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис воопшто не го искористи мандатот за формирање Влада и на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу истакна дека ѝ го враќа, бидејќи нема простор за формирање Влада, јави дописничката на МИА од Атина. 

ПАСОК- Движење на промена ја освои третата позиција на изборите во неделата и попладнево од Сакеларопулу го доби третиот и последен мандат за формирање Влада, но само формално со оглед на тоа дека веќе е јасно дека Грција ќе оди на втори избори.

Со доделувањето и на третиот мандат се затвори циклусот на мандати за првите три партии и заврши првиот дел од одредбите предвидени со Уставот.

Во продолжение претседателката на Грција или ќе свика лидерска средба или телефонски ќе разговара со претседателите на партиите во последен обид да се формира Влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај ќе биде само формално, за да се запазат процедурите.

Понатаму следи и формирање службена Влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на изборите што ќе се одржат на 25 јуни. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk