На саемот во Белград и во центарот „Белекспо“ во тек е вакцинацијатта за странски државјани на кои им беше дозволено да примаат вакцини против корона за време на овој викенд. Снимките покажуваат долги редови пред овие две локации, каде што луѓето чекаат неколку часа за да го извршат процесот на имунизација, пишува белградски Блиц.

Вакцинацијата се однесува само на граѓани од соседните земји кои имаат закажано состанок.

Имунизацијата против вирусот корона е бесплатна и за српските и за странските граѓани. Покрај лични карти и пасоши, на странските државјани не им е потребна дополнителна документација.

Меѓу апликантите за вакцинација за викендот, која покрај овие две места во Белград, се одвива и во Нови Сад и Ниш, повеќето луѓе се од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија.

Вчера од 8 до 15 часот на саемот беа вакцинирани 5.019 лица, странски и српски државјани, пишува Блиц.