logo
logo
logo

И Бугарите ќе имаат своја вакцина

Vecer | 15.05.2021

И Бугарите ќе имаат своја вакцина

Бугарска вакцина против Ковид-19 ќе биде претставена наесен на светски научен конгрес. Тоа го тврди Андреј Чорбанов раководител на Одделот за имунологија на Институтот за микробиологија на Бугарската академија на науките.

Во изјава за БНТ тој додаде дека секоја држава што има свои разработки за вакцини може да биде многу понезависна . Според него, тие сакаат вакцината да има две форми – инхалациона и имунизациона.

– Вирусот Ковид-19 мутира полека, во многу мала мера. Сепак, се уште не го знаеме процентот на луѓе кои нема да бидат погодени од вирусот. Сепак, никој не е сигурен, но ова не треба да го менува начинот на живот, изјави бугарскиот имунолог Чорбанов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk