ХРВАТСКОТО ПРИМОРЈЕ Е ПЕКОЛНО СКАПО! Нарачала 3 кафиња, а од сметката и се СЛОШИЛО

Откако „Слободна Далмација“ ја објави сметката за астрономска цена на мал тоник во едно кафуле во Трогир, а кој бил платен 7 евра, бројни граѓани ги контактирале со исти или уште полоши примери. Така, добиле сметката за кафе, каде еден читател ги известил дека за кафе со млеко во кампот Сегет Врањица кај Трогир платил дури 4,50 евра или 33,91 куни.
После тоа, им се јавила една жена од Шибеник која им испратила сметка за три кафиња. Платиле 15,50 евра или 117 куни.
– Добивме кафе во пластични чаши и плативме олку, а вистинската сезона се уште не е започната – вели девојката која испратила две фотографии. Инаку, кафето со млеко во повеќето кафулиња е помеѓу 1,50 – 2 евра (11 до 15 куни). Значи, во нормалните кафулиња наместо три шибенски кафиња можеле да испијат 11 сплитски кафиња. Секако, веројатно, и во Шибеник има кафулиња со пониски цени на кафето, но овој пример покажува до каде се отишло по ѓаволите.