logo
logo
logo

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утринава добил застрашувачки закани

Vecer | 12.05.2023

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утринава добил застрашувачки закани

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рано утринава добил застрашувачки закани, пренесува хрватски „Индекс“.  Исти закани добиле и одредени членови на власта, поради што полицијата интервенирала во Бански двор.

Зградата на владата е обезбедена со полиција за борба против нереди вооружена со долги цевки. Според неофицијални информации, полицијата утринава добила дојава за закана за убиство на премиерот и членовите на Владата, а полицајци се уште се на терен.

„Во моментов пред Владата е интервентната полициска единица, што е уште една ваква закана за мене и за членовите на Владата“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk