logo
logo
logo

Хрватскиот министер ја зеде работата во свои раце и ВАКЦИНРАШЕ ГРАЃАНИ (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

Хрватскиот министер ја зеде работата во свои раце и ВАКЦИНРАШЕ ГРАЃАНИ (ВИДЕО)

Вили Берош, заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“,  денеска ги вакцинираа граѓаните на Хррватска.

„Ова е борба на целата цивилизација. Ќе видиме каква ќе биде состојбата за 10 до 15 дена", рече хрватскиот министер за здравство.

Вакцините со кои тој вакцинираше граѓани се на АстраЗенека.

По тој повод, тој сподели фотографии од вакцинацијата на Твитер со следнава порака:

„Потрошени повеќе од милион дози, надминат претходниот рекорд на дневни дози, вакциниран секој 4-ти граѓанин ... Статистиката е одлична, а давањето вакцини на Саемот во Загреб е одлично чувство! Благодарам на сите кои што вакцинираат за нивната посветена работа и граѓаните за нивната доверба во професијата и науката “.

https://youtu.be/F5qTlx8yXqw

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk