logo
logo
logo

Хрватски полицајци ВРЗАНИ МИГРАНТИ ФРЛАЛЕ ВО РЕКА

Vecer | 03.12.2021

Хрватски полицајци ВРЗАНИ МИГРАНТИ ФРЛАЛЕ ВО РЕКА

Комитетот за превеција од тортури при Советот на Европа ја повикал Хрватска да преземе сериозни мерки и да го истраже злоставувањето на миранти од страна на хрватската полиција.

Во извештајот се наведува дека претставници на Комитетот биле ад-хок во посета на Хрватска од 10. до 14. август 2020, година посебно по должина на граничното подрачје со БиХ, за да го испитаат однесувањето на хрватската полиција, правната гаранција достапна за мигрантите, како и ефикасноста на надзорниот механизам и одговорност во случај на злоупотреба на полициските овластувања.

Во документираните сведочења, објавени во извештајот ЦПТ, се наведува дека мигрантите биле подвргнати на малтретирање од страна на хрватските полицајци, од ударање со пендраци до клоцање и шамарење, јавува Танјуг.

Неколку изјави од мигранти зборуваат дека биле присилни да одат боси низ шума до границата со БиХ каде фрлале “врзани мигрантите во реката Корана“ која ја дели Хрватска од Бих.

Некои мигранти изјавиле дека во БиХ ги враќале “само во долен веш или голи“, како и тоа дека во нивниот правец биле испукани куршуми од оруѓје.

Наодите на ЦРТ јасно покажуваат дека не постојат ефикасни механизми на одговорност за идентификација на сторителите на злоставувањата нити постојат докази во Управата на хрватската полиција документи на ваквите операции.

Исто така се укажува на тоа дека претставниците на Советот на Европа имале тешкотии во соработка со хрватските надлежни органи, каде што доставени им се нецелосни информации, а биле спречувани од страна на полициските службеници во пристап на документација која била неопходна на делегацијата во подготовка на извештај .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk