logo
logo
logo

Хрватски медиуми: Вучиќ ја создава НАЈМОЌНАТА ВОЕНА СИЛА ВО РЕГИОНОТ

Vecer | 08.05.2021

Хрватски медиуми: Вучиќ ја создава НАЈМОЌНАТА ВОЕНА СИЛА ВО РЕГИОНОТ

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот.

Во последно време се почесто се поставува прашањето во регионот - зошто Србија забрзано се вооружува и дали можеме да зборуваме за нова милитаризација на најголемата пост-југословенска држава која беше иницијатор или беше вклучена во сите војни во 90-тите во оваа област.

Александар Вучиќ ја зголеми распределбата на буџетот за одбрана за дури 44 проценти, односно српските даночни обврзници ќе жртвуваат нешто помалку од 1,3 милијарди евра за „воените планови“ на Вучиќ (што е најголем воен буџет во регионот), и третина од тоа оди на модернизација на армијата и купување ново оружје, што би значело дека Србија, ако сè оди добро, би имала најсилна армија во регионот, пишува  Индекс.хр

Порталот навел дека Србија добила „воени подароци“ од Русија и Белорусија

Хрватскиот портал „Дневно.хр“ наведува дека ситуацијата во хрватската армија е загрижувачка и дека Александар Вучиќ знае што прави и добро знае зошто ја вооружува Србија.

Тие сметаат дека ова го доведува во прашање територијалниот интегритет на Хрватска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk