Хрватска: Пациентка со нож нападнала психијатарка

Хрватската психијатарка Елвира Коиќ во саботата околу 17 часот во својата приватна ординација во Вировитица била избодена од пациентка со нож.
Полицијата ја повикале соседите кои ја слушнале вревата и почувствувале дека нешто лошо се случува во ординацијата на докторката.
Истата вечер била оперирана и нејзината здравствена состојба е стабилна.
Жената која ја нападнала докторот Коиќ е уапсена, пишува „Вечерњи Лист”.