logo
logo
logo

Хрватска ќе и помага на Украина во деминирањето

Vecer | 03.02.2023

Хрватска ќе и помага на Украина во деминирањето

Ден по првата (во историјата) седница на Европската комисија со влада во воена зона, во Киев се одржа самит на лидерите на ЕУ и Украина, а во заедничката изјава беше спомената и помош за деминирање, за која ЕУ првично обезбедува 25 милиони евра, а во која  ќе учествува и Хрватска, како единствена земја членка со неодамнешно искуство од одбранбена војна и деминирање на своја територија. Деталите за учеството на Хрватска се уште се разработуваат, но потврдено е дека Хрватска активно учествува во развојот на концептот на овој вид европска помош за Украина, дека обезбедува и одредена опрема за деминирање и дека таа го нуди Загреб како место за конференција за деминирање, јваува Вечерњи лист.

Опремата за деминирање што ја дава Хрватска во моментов е помала, не станува збор за машини, кои се поголеми и поскапи, а за набавката се уште се преговара. Оваа форма на европска помош за Украина се спроведува под цивилен, хуманитарен, а не воен знак

- Големо количество мини и други експлозивни направи се пронајдени на територијата што ја ослободија вооружените сили на Украина. Ќе обезбедиме до 25 милиони евра за поддршка на напорите за деминирање на овие загрозени подрачја. Заштитата на цивилите е приоритет - изјави Жозеп Борел, висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, најавувајќи го овој дел од помошта во Киев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk