Хрватска и Србија под снег , студениот бран доаѓа кон Македонија

Цела Хрватска побеле денеска по обилните врнежи на снег кои формираа покривка од 20-тина см во одредени места.Снежен бран се очекува од вечерва и во Србија. 

Како што јавуваат хрватските медиуми најмногу снег паднало во местото Плитвице околу 20-тина см, а во Госпиќ17 цм.Не е исклучено снег во наредните денови да врне и на островите на Јадран.

Се очекува снгег да паѓа речиси цела недела.

Во Македонија утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови.

Значително заладување од УХМР очекуваат од четврток, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Поврзани

Најнови вести

Коментари