Проценка на германскиот печат:

Хрватска е кавгаџијата во соседството

Под наслов "Хрватска е кавгаџијата во соседството", Дојче веле го пренесува пишувањето на германскиот печат кој констатира дека официјален Загреб има гранични спорови со четири поранешни југословенски републики – Словенија, Србија, Црна Гора и БиХ, а решенија нема на повидок

Хрватска нема отворени гранични конфликти со Италија и Унгарија, но со останатите соседи има, пишува ведникот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ). ФАЗ потсетува дека меѓународната арбитража пресуди дека три четвртини од Пиранскиот Залив и припаѓаат на Словенија и на таа земја и го призна правото на поморски коридор кон меѓународните води.

Авторот нагласува дека хрватското отфрлање на одлуката на меѓународната арбитража за Пиранскиот Залив довело до непотребно заострување на ситуацијата и им препорачува на двете држави да постапат како Холандија и Германија – границата во Емс беше спорна, но наместо да инсистираат на нејзиното точно утврдување, двете земји се договорија за формирање специјална комисија која ја регулираше управата и користењето на тоа подрачје со бројни дополнителни спогодби. Прашањето на точната граница се уште не е разјаснето, но тоа не им пречи ни на Германците ни на Холанѓаните.

Словенечкиот премиер Миро Церар тоа го нарече историска одлука која дефинитивно ќе го заврши спорот. Но, се случи спротивното, односите помеѓу двете соседни земји кои некогаш беа во составот на Југославија, драматично се влошија. Словенија сега го бојкотира пристапот на Хрватска во Организацијата за меѓународна соработка и развој и се заканува дека ќе стави вето и на планот Хрватска да влезе во Шенген зоната во 2018 година, пишува Франкфиртер алгемајне цајтунг.

Весникот потсетува дека во летото 2015 година кога стотици илјади мигранти преку Балканот тргнаа кон север, Хрватска не беше заинтересирана да ја преземе контролата врз нејзината надворешна шенгенска граница. Откако таа рута беше затворена, Хрватска повторно ја интересира либералниот граничен режим, пишува весникот и додава дека причината е што земјата живее од туризмот, а кога почна сезоната годинава Словенците повторно почнаа да спроведуваат контроли по што на границата на Хрватска се формираат колони возила и се чекаше со часови. Географската положба е ефикасно средство за притисок.

Во минатото повеќепати се покажа дека Словенците се колебаат да го применат тоа ако проценат дека им се загрозени националните интереси, пишува ФАЗ. Весникот потсетува дека Србија е источен сосед на Хрватска и дека често протестира поради, како што се вели, можната или реална дискриминација на српското малцинство како и поради ревизионистичките тенденции на владејачката ХДЗ.

Еден од последните такви спорови беше околу спомен плочата на хрватските жртви на војната во Југославија, која првично беше поставена во близина на поранешниот концентрациски логор Јасеновац, а на која беше испишан усташки поздрав.

За Црна Гора се вели дека е сосед на крајниот југ на Хрватска и се потсетува дека протестираше против поставувањето на споменикот на десничарскиот екстремист и грабнувач на авион Миро Барешиќ. Хрватско-црногорскиот граничен спор околу поуостровот Превлака еднаш мора да заврши со билатерални преговори. Весникот констатира дека двете земји не сакаат да се обратат на меѓународна арбитража.

Особено се оптоварени односите помеќу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Сараево протестира поради изградбата на мостот на Пељешац кој југот на далматинскиот брег би го споил со хрватската патна мрежа што би значело заобиколување на босанскиот дел и Неум. Бошњаците, како што пишува весникот, се бранат од обвинувањата дека исламските терористи имаат свои центри во земјата, а Загреб ги поддржува босанските Хрвати во напорите да остварат поголемо влијание во босанско-хрватската федерација.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари