logo
logo
logo

ХРВАТСКА ДОНИРА ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ЗА КОСОВО

Vecer | 26.05.2021

ХРВАТСКА ДОНИРА ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ЗА КОСОВО

Нова донација од 10.000 вакцини која Хрватска ќе помогне во процес на имунизација на Косово претставува желба на државата Хрватска со што процесот на имунизација на Косово би се одвивал што побрзо и со тоа да бидат опфатени што поголем број луѓе.

“Врз основа на ветувањето на министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман по посета на Косово пред три недели, каде Хрватска за Косово ќе донира контингент од 10.000 вакцини, со што процесот за имунизација би се одвивал побрзо. Договор за испорака на вакцини е потпишан, и во овој момент неможам да кажам дали таа испорака ќе биде за ден, дава или седум дена, но секако ќе се потрудиме да биде што побрзо. Она што нам ни е битно како и на Хрватска, ние ја делиме судбината во регионот, соседи сме, можеби не директни, но многу блиски, а вирусот не познава граници. Неможеме ние да бидеме вакцинирани, а Косово да не биде или да нема доволно вакцини. Единствено ако заедно се држиме и бориме и сите да постигнеме доволно ниво на вакцинирани, тогаш можеме да кажеме дека сме се избориле со вирусот“, рекла амбасадорката на Хрватска во Косово, Данијела Баришиќ, гостувајќи во Утринска програма РТК2.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk