logo
logo
logo

Хрвати во Замбија ОБВИНЕТИ ЗА ТРГОВИЈА СО ДЕЦА: „Не сме виновни“

Vecer | 10.01.2023

Хрвати во Замбија ОБВИНЕТИ ЗА ТРГОВИЈА СО ДЕЦА: „Не сме виновни“

Денеска во Замбија, во градот Ндола, на распоред е првото судско рочиште за осум хрватски државјани, односно четири двојки кои повеќе од еден месец се во притвор поради сомневање за веродостојноста на документите во процесот на посвојување на четири деца од Демократска Република Конго. На рочиштето ќе биде примен и службеникот на хрватската амбасада во Преторија кој вчера ги посети приведените Хрвати.

Хрватите околу 8 часот и 35 минути биле изведени пред суд каде што треба да дадат исказ за обвиненијата за прв пат по апсењето, а Jutarnji list  пишува дека се осомничени за трговија со деца, фалсификување документи и користење фалсификувани документи.

Веднаш на почетокот беше одредена пауза за да им се прочита обвинението на обвинетите на англиски за да го разберат, а рочиштето продолжи по паузата.

Откако им беше прочитано обвинението со кое се обвинуваат за обид за трговија со луѓе, односно деца, сите рекоа дека го разбираат обвинителниот акт и изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Рочиштето беше одложено, а ново рочиште ќе се одржи во четврток.

Приведените Хрвати побарале да бидат ослободени со кауција, за што ќе одлучува судот.

Замбијската полиција на 7 декември уапси четири парови од Хрватска осомничени за трговија со луѓе. Тие биле пресретнати заедно со децата. Еднто имаше една година и три месеци, а другите три по три години. Медиумите во Замбија објавија дека службениците за имиграција на аеродромот Симон Мванса Капвепве уапсиле четири парови со хрватско потекло по дојава дека документите за посвојување издадени од властите во Конго се чини дека се фалсификувани.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk