logo
logo
logo

Хрват заболен од корона избегал од болница, заминал дома и ум*ел!

Vecer | 20.10.2021

Хрват заболен од корона избегал од болница, заминал дома и ум*ел!

Маж заразен со корона вирус во понеделникот избегал од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михалјевиќ“ во Загреб, а само еден ден подоцна починал во станот на неговата мајка во областа Самобор.

Како што пишуваат хрватските медиуми, човекот бил сѐ уште жив кога амбулантната кола со полиција провалила во станот. Лекарите веднаш започнале со реанимација, која траела дури 35 минути, но на мажот му немало спас.

Полицијата потврди дека реагирала на извештајот на болницата за самоволно заминување на пациент кој претходно бил поврзан со кислород, но во моментот на откривањето, во рок од 24 часа, лицето починало „во приватен простор во Самобор“.

Тој е 53-годишен маж кој беше активен спортист и тренер по аикидо. Не е познато каде и кога се заразил со корона вирус, но неговата состојба се влошила по што морал да биде поврзан со кислород. Наводно, на мажот му било речено дека ќе мора да биде ставен на респиратор, што кај него предзвикало огромен страв и затоа решил да побегне од болницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk