Хрват и Босанец ограбиле пет обложувалници со пластичен пиштол

Двајца мажи од Хрватска и Босна и Херцеговина се товарат дека со пластичен нож и пластичен пиштол ограбиле пет обложувалници и осум аптеки во Хрватска, при што одзеле повеќе од 40.000 куни.

Полицијата во Загреб ги товари 26-годишниот Хрват и 36-годишниот државјанин на Босна дека заедно од 8 јануари извршиле шест разбојништва, а Хрватот претходно самиот извршил уште шест.

До местата на злосторството доаѓале пеш или со изнајмен автомобил. Постариот осомничен чекал во автомобилот, додека младиот маскиран влегувал во аптеката или обложувалницатаи  од вработените ги крадел парите заканувајќи им се со пластичен нож или пиштол.

Двајцата биле уапсени за време на разбојништво во аптека.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари