logo
logo
logo

ХОРОР ВО ЗАГРЕБ: Го ИСКАСАПИЛ новото момче на својот поранешен партнер

Vecer | 07.05.2021

ХОРОР ВО ЗАГРЕБ: Го ИСКАСАПИЛ новото момче на својот поранешен партнер

Судот во Загреб го осудил Иван Шипош (20) на 12 години затвор затоа што на 7 март минатата година со нож го убил новиот дечко на својот поранешен партнер (21).

При изрекувањето на казната предвид биле земени олеснителните околности, како што е претходната неосудуваност и возраста, но му отежнал фактот дека се обидел да го прикрие делото.

Телото на жртвата било најдено 20 дена после убиството. Инаку, Шипош се товари дека на 21 март минатата година го повикал 21-годишното момче, кое го познавал од претходно, да се сретнат на насипот на Сава во населбата Пречко меѓу 19 и 20 часот.

Кога се нашле на договореното место, се спуштиле до реката, каде избила кавга, а потоа и тркање, по што Шипош фо избодел со нож 21-годишникот и го турнал во Сава. Телото на убиеното момче полицијата го нашла после една недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk