Хоџај: Одговорите за убиствотo на Оливер Ивновиќ се во Белград

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјавил дека Белград одбива да соработува со Приштина во врска со убиството на претседателот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ и дека одговорите за убиството се во Белград.

„Поминаа четири месеци по убиството на Ивановиќ, а сепак Србија одбива да соработува со Косово затоа што сака да ја сокрие вистината и да ја опструира правдата. Неговото убиство има корени во деструктивната српска политика и одговорите се кријат во Белград“, напишал Хоџај на Твитер.

Претходно, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Небојша Ивановиќ. рече дека Србија е заинтересирана да се реши убиството на Ивановиќ, но дека не гледа спремност од приштинските власти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари