Хоџај: Демаркацијата со Црна Гора ќе се ратификува деновиве

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај е оптимист дека парламентарната седница ќе се одржи оваа недела за ратификација на Договорот за демаркација на Косово и Црна Гора.

Според него, сите партии ќе постигнат конечен консензус и ќе го ратификуваат договорот, пишува „Газета Експрес“. Хоџаj смета дека дури и партиите што ја претставуваат српската заедница ќе гласаат за ратификација на граничниот договор.

„Ние ќе постигнеме целосен политички консензус со владините партнери, како и со другите пратеници кои би требало да гласаат за договорот“, рече заменик-премиерот.

Претходно пратеникот од косовскиот парламент, Блерта Делиу, рече дека демаркацијата наскоро ќе биде ратификувана, а преговорите меѓу мнозинските политички сили одат во вистинската насока.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари