logo
logo
logo

ХИТ ОГЛАС: Продава стан од 14 квадрати, а за квадрат бара 4000 евра!

Vecer | 15.04.2021

ХИТ ОГЛАС: Продава стан од 14 квадрати, а за квадрат бара 4000 евра!

На хрватската страна "Njuskala" се продава стан од 14 квадратни метри кои се наоѓа во центарот на Загреб, а за истиот се бара вртоглава сума пари.

Поточно, станот се продава за приближно 4 илјади евра квадрат, односно 56 илјади евра.

Огласот за само неколку саати собрал повеќе од 4390 прегледи, а големиот интерес на јавноста го изненадил и агентот кој го објавил огласот.

Тој во разговор за хрватските медиуми објаснил зошто цената на овој стан се издвојува од сите останати.

Според него, продавачот на станот на овој стан гледа како на инвестиција а според неговите пресметки толкава сума на пари му ги покрива сите трошоци кои ги имал за станот во изминативе 13 години, колку што и го поседувал.

-Секој си има своја пресметка и секој имот има свој купувач. Ова е стан инвестија – за многу кратко време може да си ги вратите парите, изјавил агентот за продажба.

И покрај тоа што во истата населба сите станови се продаваат од 1800 до 2000 евра квадрат, сепак според агентот овој стан е најисплатлив бидејќи може многу лесно да издава на странски туристи за 30 евра од ноќ.

Сопственикот на станот во огласот има истакнато дека станува збор за целосно опремен стан кој се наоѓа на први кат од станбена зграда.

-Има мала кујна, тоалет и дневна соба. Станот е комплетно реновиран во 2015 година и со него следува и подрум. Идеален е за студенти, сингл или деловни луѓе, стои во огласот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk