Тензии, закани и прекршено ветување на косоварите

Харадинај не го контролира Косово, Вучиќ не оди кај Србите во Баница

Косовските власти, на чело со премиерот Даут Харадинај преземаа обврска пред САД и Европската унија дека ќе обезбедат дводневна посета на српскиот претседател Александар Вучиќ меѓу Србите во северено Косово но, зборот не го одржаа и покажаа дека Косово се уште е под контрола на вооружени групи кои ги раковори лично претседателот на косовското собрание Кадри Вејсели, а не под контрола на косовските власти.

Имено, вчера Вучиќ ги посети Србите во општината Лепосавиќ и енергетскиот комплекс околу езерото Газиводе. За денес беше планиран митинг на Србите и Вучиќ во Косовска Митровица, а утрово српскиот претседател требаше да се сретне со Србите во селото Баница, каде има околу 1.000 етнички Срби. Но, таа средба не беше дозволена од поголеми групи околу 300 вооружени Албанци, меѓу кои и ветерани на УЧК кои протестираа и пукаа од автоматско оружје, патем блокирајќи го патот до селото Баница со камиони и запалени автомобилски гуми. На терен се појавија и вооружени припадници на КФОР.

Косовскиот премиер Харадинај не успеа да ја стави ситуацијата под контрола, и беше приморан да ја повлече согласноста за посетата на Баница дадена на српскиот претседател, но и на Европската унија, признавајќи пораз пред вооружените параполиции предводени од Кадри Вејсели.

Посетата на Баница е откажана, а српскиот претседател изјави дека останува во Митровица каде треба да им се обрати на Србите од општините во северно Косово.

Поврзани

Најнови вести

Коментари