Демаркација ќе има, а кога – не се знае

Харадинај категоричен: Границата е на Чакор и Кула

Нема договор без согласност, значи немаме договор, до денеска не е ратификуван и тоа бара друг договор, додека нема ратификација од двата парламента, договор нема, рече Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, уште еднаш го повтори ставот дека не се согласува со веќе постигнатиот договор за границата со Црна Гора.

Според него прашањето за демаркацијата на границата е прашање за кое може да се дискутира и оти „границата се наоѓа на Чакор и Кула".

- Нема договор без согласност, значи немаме договор, до денеска не е ратификуван и тоа бара друг договор, додека нема ратификација од двата парламента, договор нема. Јас ја распуштив првата комисија, формирав нова која ќе најде факти, со кои ќе се покаже дека оваа верзија е грешка и ќе потврди дека границата е на Чакор и Кула, изјави Харадинај при престојот во Дечани.

Откако ќе бидат најдени овие факти, смета Харадинај, Косово ќе седне, најпрво со своите пријатели и ќе им ги презентира тие факти, а потоа и со соседите.

- Фактите се на наша страна и така ќе го решиме овој проблем, посочи Харадинај.

Само неколку часови претходно првиот човек на Директоратот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон по средбата со Харадинај во Прштина, порача дека Владата во Приштина мора да го реши прашањето за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, доколку сака ЕУ да ги укине визите за влез на косовските граѓани во Унијата.

- Демаркацијата на границата со Црна Гора е многу значајно прашање, кое е еден од клучните услови за визна либерализација. Кога станува збор за ова прашање критериумите се јавно познати и ние советуваме како да се гледа на нив и како тие да се реализираат. Тоа секако е задача на Владата на Косово, а од наша страна ветувањето е јасно, кога овој услов ќе биде исполнет Европската комисија е подготвена да предложи визна либерализација, изјави Даниелсон на заедничка прес-конференција со Харадинај.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари