Харадинај ги повика косовските Срби да го поддржат формирањето на армијата

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека создавањето на косовската армија е иницијатива која е добро прифатена меѓу косовските Срби и ја повика „Српската листа“ да гласа за уставни измени кои ќе ја овозможат трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска, пишува „Газета експрес“.

Харадинај изјави дека трансформацијата би требала да се одвива со интеграција на малцинставата, вклучувајќи го и српското малцинство.

„Косово ги исполни сите барања за трансформација на косовските безбедносни сили во армија. Ова прашање мора да се придвижи кон напред“, рече Харадинај.

Тој додаде дека косовската армија нема да ја замени мировната мисија на НАТО во Косово, туку ќе помогне за заштита на регионот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари