logo
logo
logo

ХАОС заради ПОЈАДОК од 68 ЕВРА! Се огласи ресторанот: Тоа не е обичен сендвич, да се биде овде е престиж!

Vecer | 30.06.2022

ХАОС заради ПОЈАДОК од 68 ЕВРА! Се огласи ресторанот: Тоа не е обичен сендвич, да се биде овде е престиж!

Секоја сезона, без разлика дали е лето или зима, приказната е иста: на мрежите кружат фотографии од сметки од кафулиња, хотели и ресторани во регионот, а се „прикачуваат“ и објави/твитови за искуствата на клиентите.

Иако цените се огромни, гостите секако треба да знаат дека со престојот на вакво место не плаќаат само храна/пијалаци, туку и услуга, атрактивност на локацијата, култура, историја и углед на дестинацијата.

Откако малку стивнала „бурата“ за спорната сметка од Јадранот, се огласиле и од Вагнер:

„Почитуваниот гостин беше во Опатија, на нашата култна тераса Вагнер, која е дел од групација која обезбедува највисоко ниво на квалитет, од обично еспресо до a la carte јадења кои ги има во нашиот ресторан“, напишале и додале дека во објектот видно се истакнати цените, и дека ценовниците се достапни во „доволен број примероци“.

Генералната директорка се осврнала и на истражувањето на Hotels.com кое оваа страница го направила за „озлогласениот“ сендвич и во таа прилика истакнала дека еден таков во Женева во 2015 година чинел 22 евра, а 18 евра во Париз.

Сепак, бесната туристка напишала дека „ресторанот е малку одвоен од хотелот и дека не се разликува од останатите во Опатија“.

Потсетуваме, ова е само еден во низата вакви случаи и ги нема само „таму некаде“... Исто се случува и на домашен терен.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk