logo
logo
logo

ХАОС ВО ГРЦИЈА - Хеликоптери спасуваа луѓе по кровови

Vecer | 15.10.2021

ХАОС ВО ГРЦИЈА - Хеликоптери спасуваа луѓе по кровови

Силно невреме ја погоди вчера Грција, стотици домови се поплавени во Атина а евакуација се случи на островот Евија, каде летово беснееја пожари. Неколку десетици луѓе се евакуирани од домовите на северот на островот и ќе бидат сместени кај пријателите или во хотели обезбедени од регионалните власти.

Спасувачите се подготвуваат да користат хеликоптери за да ги спасат луѓето заробени на покривите на зградите во поплавените и оддалечени области на северозападниот остров Крф, изјави министерот за цивилна заштита и климатски промени Христос Стилијанидес.

„Нема сомневање дека се соочуваме со опасен временски феномен кој е многу сериозен во некои делови на земјата“, рече тој. На островот Евија, во август беа евакуирани најмалку три области погодени од шумски пожари.

Овогодинешните пожари во северниот дел на Евија ја оставија областа подложна на поројни поплави.

Невремето го погоди главниот град на Грција и други делови на јужна Грција, предизвикувајќи прекини во сообраќајот и затворање на патиштата.

Противпожарната служба доби повеќе од 300 повици за испумпување вода од поплавените домови, соопштија властите.

Десетици возила останаа блокирани на поплавените патишта и луѓето во нив беа принудени да си заминат. Поројниот дожд, исто така, го наруши јавниот сообраќај, но летовите до меѓународниот аеродром во Атина не беа засегнати.

Владата издаде предупредувања на грчки и англиски јазик на мобилните телефони во погодените области, повикувајќи ги луѓето да избегнуваат непотребно движење во областите што може да бидат поплавени.

Училиштата во Атина, Евија и регионот на северна Грција во близина на Солун денес ќе бидат затворени. Времето се очекува да се стабилизира во сабота.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk