Владата на Црна Гора вчера беше под физичка опсада од поддржувачите на Мило Ѓукановиќ, кои освен во Подгорица, правеа инциденти и во други градови.

Фрлани се димни бомби и јајца врз полицијата, се скандираше против членовите на владата, се пееја песни од про-усташкиот пејач Марко Перковиќ Томпсон, а нападнато беше и службено возило на црногорската влада, во кое, била ќерката на премиерот Здравко Кривокапиќ.

Иако на сила е забрана за собири поради пандемијата, Патриотско-комитскиот сојуз, близок со Ѓукановиќ и неговата партија ДПС, организираше протест пред владината зграда, и тоа заради измени во одлуката за критериумите за стекнување црногорско државјанство со прием и измените во законот за регистар на живеалиште, односно прописи кои го поедноставуваат стекнувањето на црногорско државјанство.

Додека траеше протестот пред владата, на патот Подгорица – Никшиќ, се случи инцидент во кој двајца граѓани беа полесно повредени. Група граѓани се обидоа да спречат минување на возила на Владата на Црна Гора со седнување на хаубата. Впрочем, група граѓани како се качуваат на возило „Мерцедес“ (PF CG 301), кое му припаѓа на одделот за протоколни работи на Генералниот секретаријат на Владата. Тие се собраа во обид да спречат минување на возилата, се качија на хаубата, а кога службеното возило тргна, беа исфрлени од автомобилот кон тротоарот.

Кривокапиќ набргу потоа се огласи на Твитер, каде напиша дека неговата ќерка, која е заштитено лице, била во службеното возило што беше нападнато.

„Денес беше нападнато службеното возило во кое беше ќерка ми, инаку заштитено лице. Како татко, нема да ви ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие! Во земјата ќе владеат ред и закон на кои не сте навикнати. Ќе го видите тоа наскоро“, рече Кривокапиќ на Твитер.

Кривокапиќ за време на вчерашните тензии на улица го повика претседателот Мило Ѓукановиќ „да не ја дестабилизира државата“ и „народот кој го однел на улица да го повика да се врати дома“.

-Граѓаните на Црна Гора ги повикувам да бидат разумни и да не наседнуваат на провокации на оние кои се подготвени да ги жртвуваат заради одбрана на својот капитал, порача Кривокапиќ.

Потсетуваме, политичката криза во Црна Гора настана заради одлуката на премиерот да го смени министерот за правда Владимир Лепосавиќ заради неговите изјави дека е подготвен да признае дека во Сребреница се случило геноцид дури кога тоа недвосмислено ќе се утврди. Кривокапиќ вчера одржа состанок со лидерите на партиите на владејачката коалиција, кои претходно во мнозинство најавија дека нема да гласаат за смена на министерот за правда.

Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ исто така реагираше на вчерашните случувања и го прозва премиерот Кривокапиќ.

-Безнадежни се обидите за целото свое незнаење, непосветеност и непостојаност да се обидува да ги скрие со тоа што папагалски досадно за се ќе ја обвинува претходната власт. А сега тргна тоа да го прави и спрема мене лично… Не мора премиерот да се грижи дека зад бучните критики на власта тајно стојам јас. Не само затоа што не се кријам кога го критикувам, туку и бидејќи никогаш не сум, а ниту ќе превземам нешто што потенцијално би ја загрозило стабилноста на Црна Гора, изјави Ѓукановиќ.

Извор: Блиц.рс