logo
logo
logo

Хаос во Црна Гора: Аеродромите ЗАТВОРЕНИ, авионите кружат во воздух

Vecer | 13.05.2023

Хаос во Црна Гора: Аеродромите ЗАТВОРЕНИ, авионите кружат во воздух

Аеродромите во Подгорица и Тиват во Црна Гора утринава информираа дека утринава околу 9 часот добиле закана преку телефон дека на аеродромите има поставено бомби.

Аеродромите во моментов се затворени, а полициски службеници со кучиња трагачи вршат проверки. Додека траат проверките, авионите кои требаше да слетаат, кружат на небото на Црна Гора.

„Во Подгорица еден авион е вратен на дополнителна контрола. Во моментот полициски екипи прават контроли на аеродромот“, велат од аеродромот во Подгорица.

Од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора известуваат дека на персоналот на аеродромите во Подгорица и Тиват им се заканувале од број од странство.

„Управата на полицијата согласно сите процедури презeма мерки во област на своите надлежности, а јавноста ќе биде благовремено известена“, рекоа од црногорското МВР.

Аеродромските служби им наредиле на сите пилоти кои требало да слетаат на аеродромите да кружат се додека не завршат проверките на полициските службеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk