logo
logo
logo

ХАОС во Белград - 97 училишта добиле дојави за БОМБИ! Еве ги деталите

Vecer | 16.05.2022

ХАОС во Белград - 97 училишта добиле дојави за БОМБИ! Еве ги деталите

По бројните дојави за поставени бомби во авиони и трговски центри, во соседството сега на мета се училиштата, па така утринава бројни училишта низ Белград добија дојави, а нивниот број се зголемува од минута во минута.

Според написите, известени биле надлежните служби и било потребно да се изврши претрес од страна на специјализирани екипи, а дојави стигнале во дури 97 основни училишта меѓу кои се: „Краљ Петар Втори Караѓорѓевиќ“ на улица Маруличева, Владимир Роловиќ, Ѓура Јакшиќ, Данило Киш, Свети Сава, Дринка Павловиќ, Коста Абрашевиќ во Ресник, и Караѓорѓе на Карабурма и во уште неколку белградски и земунски училишта.

За пријавата биле информирани надлежните служби и претстои претрес од страна на специјализирани екипи, информираат од РТС. Во некои училишта проверките биле веќе завршени и се покажало дека пријавите се лажни.

Содржината на мејлот за поставените бомби што ги добија училиштата ви го пренесуваме во целост:

„Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, иста рутина како и секогаш. Се мразиме себеси, но сакаме да ги повредиме сите што ќе ни се најдат на патот. Чувството дека се околу нас е само сон, не не напушта. Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последните. Ќе ве убиваат со автомобили, бомби, ножеви и се што ќе им дојде до рака. Лошите како нас ќе уништат се околу себе затоа што се е скапано, сите сте скапани од внатре.“

Писмото е напишано на кирилица и насловено со „НА ТЕРИТОРИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО Е ПОСТАВЕНО ОГРОМНО КОЛИЧЕСТВО ЕКСПЛОЗИВ“.

По дојавата за бомби во 97 училилишта, исто такво предупредување стигнало и во зградата наречена Белграѓанка, а мобилна е состојбата и на аеродромот во Ниш „Константин Велики“.

Во моментов се врши проверка и на двете нови локации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk