logo
logo
logo

Хакери ја нападнале Aлбанската РТВ: Бараат 300.000 долари за да ја вратат архивата

Vecer | 26.09.2021

Хакери ја нападнале Aлбанската РТВ: Бараат 300.000 долари за да ја вратат архивата

Албанската радио-телевизија (РТШ) била нападната од хакери, кои побарале 300.000 долари за враќање на архивата.Серверите на РТШ биле нападнати од сè уште неидентификувани лица преку хакерски систем наречен „ransomware“, пред околу две недели.

– Хакерите успеале да ја шифрираат базата на податоци на државната радио и телевизија, преку онлајн мрежата. Тие побарале 300.000 долари за да го вратат целиот архивски материјал на албанската радио-телевизија и да го дешифрираат, но РТШ одбила да плати, бидејќи поголемиот дел од базата на податоци за среќа била копирана во офлајн резервна копија – пренесува Топ чанел.

Според истиот извор, како резултат на овој напад, оштетен е само дел од дигиталната архива на Радио Тирана.

Остатокот од телевизиската архива е пронајдена.

Ова е втор кибер-напад во рок од неколку дена на официјалните веб-страници на албанските јавни институции.

Претходно, серверот на Министерството за внатрешни работи и на службата за жалби биле мета на хакерски напад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk