logo
logo
logo

Групата на Веља Невоља страв и трепет и зад решетки

Vecer | 28.02.2021

Групата на Веља Невоља страв и трепет и зад решетки

Криминалната група на Вељко Беливук познат како Веља Невоља која од неодамна е притворена во Централниот затвор во Белград за извршени повеќе злодела, не мирува и зад решетките. Уапсените криминалци од другите затвореници барале да им прават „услуги“ и никој не смеел да ги одбие.

Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат српските медиуми со нивното доаѓање во Централниот затвор се создала паника и страв меѓу другите притворени лица.

Припадниците на криминалната банда на Беливук физички никого не малтретирала, но ги рекетираат своите нови цимери.

Од нив барале им се даваат цигари, лекови, облека, обувки… Сето тоа уцентите притворенци им го соопштиле на своите роднини при посетите, а во јавноста ги обелоденуваат медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk