logo
logo
logo

Грција воведува задолжителна вакцинација за постарите од 60 години, ќе има и казни

Vecer | 30.11.2021

Грција воведува задолжителна вакцинација за постарите од 60 години, ќе има и казни

Властите најавиле дека ќе наплаќаат глоба од 100 евра за секое лице на возраст од 60 и повеќе кое нема да се вакцинира и така натаму секој месец. Мерката ќе почне да се применува од 16 јануари. Околу 63 отсто од околу 11 милиони жители се целосно вакцинирани, а распоредот на вакцинацијата е забрзан во последните недели.

„Ги насочуваме нашите напори да ги заштитиме нашите сограѓани и затоа вакцинацијата отсега ќе биде задолжителна“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на владина седница.

„Грците постари од 60 години кои не биле вакцинирани мора да закажат термин за првата доза до 16 јануари или ќе се соочуваат со парична казна од 100 евра секој месец“, додаде Микотакис.

Грција се бори со зголемување на инфекциите овој месец, при што дневниот број на нови случаи достигнува рекорди. Земјата потврдила 931.183 случаи на инфекција и 18.067 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Во Грција, на невакцинираните лица од ноември им е забранет влез во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали. Не им се признава ниту негативен тест за коронавирус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk