logo
logo
logo

ГРОМ удри во белградскиот аеродром! ЗАПРЕНИ ЛЕТОВИТЕ (Видео)

Vecer | 27.09.2022

ГРОМ удри во белградскиот аеродром! ЗАПРЕНИ ЛЕТОВИТЕ (Видео)

За време на силното невреме што попладнево го зафати Белград, гром удрил во зградата на аеродромот „Никола Тесла“.

Како што се наведува, гром удрил во пистата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во таа прилика предизвикал штета, поради што привремено се прекинати полетувањата и слетувањата на авионите, соопштуваат од аеродромот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

На веб-страницата FlightRadar24 во овој момент може да се забележи дека нема авиони кои слетуваат или полетуваат од белградскиот аеродром.

Како што соопштуваат од аеродромот, оперативните служби во моментов ја проценуваат состојбата.

- Приоритет е безбедноста на патниците и авионите и соодветно на тоа, полетувањата и слетувањата се привремено прекинати, а нови информации ќе има по 17 часот, се наведува во соопштението на аеродромот Никола Тесла.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk