Гренел: Курти ги наруши односите на Косово со САД

Поранешниот специјален претставник на САД за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, изјави денеска дека Вашингтон ги поддржува оние за кои верува дека постигнуваат напредок во почитувањето на западните вредности и го обвини премиерот во Приштина, Албин Курти дека „ги уништил силните врски“ на Косово и САД.
Гренел на Твитер реагирајќи на коментарот на Курти за вчерашните настани со косовската полиција во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ рече дека е право на избраните на демократски избори да ја преземат функцијата и напиша дека Курти е првиот лидер чии постапки ги осудија и демократите и републиканците.
Гренел на претседателката Вјоса Османи и порача дека „молкот е загрижувачки“.