Грците промовираат поделба на Македонија во четири кантони

На грчката национална телевизија беше прикажана карта на Република Македонија, чијашто територија е поделена според замислите на Атина

Прилогот беше проследен со констатацијата дека „скопско единствено решение" е Вардарска федерација поделена на четири кантони грчки, муслимански, српски и бугарски.

Премиерот Зоран Заев потпиша договор со Грција кој според оцените на експертската јавност и голем дел од македонското население е исклучиво на штета на Република Македонија и националниот идентитет. Иако ветуваше дека нема да дозволи промена на Уставот, односно уставното име, како што самиот зборуваше пред многу години, сепак склучи договор кој единствено ги задоволува грчките „црвени линии".

Според сѐ судејќи, ваквиот однос на Заев кон сопствената држава и народ, поттикна размислувања во Атина дека Македонија, односно нејзиниот останат дел во денешна Република Македонија треба да биде поделен на кантони.

Останува нејасно само, од каде авторите на ваквата мапа ги пронаоѓаат малцинствата кои би доминирале во овие кантони.

Кон средината на јули минатата година Mакедонија беше главната тема на состанокот на Грција, Србија и Бугарија во Солун, односно на премиерите Алексис Ципрас и Бојко Борисов како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Дека трилатералната средба во Солун посветена на Македонија се одрж со амин на Брисел потврди тогаш и присуството на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Дали ќе го делат Скопје ? – Трилатерален состанок на Грција, Србија и Бугарија во Солун", беше насловот под којшто грчкиот весник Проњуз тогаш пишуваше дека целта на срдбата во Солун била „неутрализирање на изворот на нестабилноста креирана во Македонија".

Весникот пишувапе дека во овој контекст се размислува дури и за сценарија за поделба на Македонија на три зони на влијание: српска, грчка и бугарска.

Весникот пишува дека сценариото, што најверојатно е во игра, е всушност повторување на предлогот од минатото за поделба на Македонија меѓу Грција и Србија. Единствената разлика била тоа што овојпат е вклучена и Бугарија, која што била загрижена за наводните иредентистички претензии на Македонија кон Пирин.

Проњуз тогаш најави дека на средбите на Ципрас со Борисов и Вучиќ, од „особен интерес ќе биле историски и соседски контроверзии што потекнувале од Македонија".

Поврзани

Најнови вести

Коментари