logo
logo
logo

ГРЦИТЕ ПОЛОШИ ОД ЦРНОГОРЦИТЕ?! Ако сакате да се сончате на вакви лежалки потребна ви е вртоглава сума (фото)

Vecer | 31.07.2021

ГРЦИТЕ ПОЛОШИ ОД ЦРНОГОРЦИТЕ?! Ако сакате да се сончате на вакви лежалки потребна ви е вртоглава сума (фото)

Додека во изминатите години цената на лежалки за сонце се движела до десет евра, Грците оваа година навистина пртерале! На Родос лежалки чинат и до 150 евра!

Иако на сите им е познато дека на островите се малку „појаки“ цените, никој не очекува астрономски цени за лежалки на плажа.

Во Калитеа, десетина километри од центарот на Родос, на плажата Калами лежалките во првиот ред до морето чинат неверојатни 150 евра.

- Прво помислив дека не ја слушнав цената добро. Сопствениците на барот љубезно ми објаснија дека гостите не мора да платат за лежалка ако потрошат на консумација на храна и пијалок 150 евера. Оваа цена важи за викенд, додека во работните днови е нешто поевтина и тогаш овие лежалки чинат 100 евра, што е секако многу – раскажал изворот.

Обичните лежалки на оваа плажа чинат 20 евра без оглед на консумацијата, храна и пијалок дополнително се наплаќаат.

- За една платена лежалка во првиот ред до море на Родос, можам да поминам три дена во српска бања – заклучил изворот.

Ни во Црна Гора цените не се многу подобри. До редакцијата на Информер се јавил читател кој летува во  Пржно, помеѓу Будва и Св. Стефан, каде што цената на две лежалки и чадор е 80 евра.

За да не дојде до забуна, на цената лежалки до морето, крајбрежниот мобилијар ја истакнал цената на влезот на плажата, да се знае дека не е за обични смртници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk