Грците најавуваат протести на местото на кое ќе се потпишува договорот за името

Грците кои не се согласуваат со договорот за името најавија протести на местото и во времето кога треба да биде потпишан договорот, незавино дали тоа ќе се случува во Преспа како што објавија медиумите, или на некое друго место, пишува грчкиот информативен портал „Грик рипортер“.

Организаторите велат дека на денот на потпишувањето ќе соберат демонстранти од цела Грција.

„Сите ќе одиме во Преспа ако треба. Нема да допуштиме судбината да се реши без да се слушне народот“, изјави Гиоргиос Тациос, еден од организаторите на протестите, за грчкиот телевизиски канал „Скај“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари