logo
logo
logo

Грција се спрема за НЕВИДЕН ТОПЛОТЕН БРАН, температурите ќе се искачат до 44 степени

Vecer | 26.07.2021

Грција се спрема за НЕВИДЕН ТОПЛОТЕН БРАН, температурите ќе се искачат до 44 степени

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита издадоа предупредување денеска,  а се очекува топлотниот бран да трае до 8-ми август, невообичаено долг период.

Од вторник па натаму, се очекува да биде над 30 степени во текот на ноќта, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината.

Друг страв е дека пожарите може да започнат рапидно да се шират низ целата земја поради предвидените силни ветрови.

Грција веќе имала екстремни топлотни удари во минатото, но временските услови се очекува да ги надминат претходните нивоа во наредните денови.

Во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од топлотен удар, кога системите за климатизација сè уште не беа вообичаени. Посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез беа изгорени во 2007 година за време на уште еден топлотен удар. Десетици луѓе загинаа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk