logo
logo
logo

Грција се предомисли за Косово?! “ОФИЦИЈАЛНО СМЕ ИЗВЕСТЕНИ, ГО ПОВИКАВМЕ АМБАСАДОРОТ“

Vecer | 27.05.2021

Грција се предомисли за Косово?! “ОФИЦИЈАЛНО СМЕ ИЗВЕСТЕНИ, ГО ПОВИКАВМЕ АМБАСАДОРОТ“

Претседателот Александар Вучиќ рекол дека добил официјално известување дека Грција има намера да ги унапреди односите со Приштина на ниво на канцеларии.

Александар Вучиќ во изјава за медиумите после состанокот со патријархот и владиката на СПЦ, и соборот на архепископи, рече дека Грција своевремено, кога Приштина воведувала такси за стока од централна Србија, дала можност да се отворат трговински канцеларии, а сега се отишло и на повисоко ниво.

„Во петокот сме известени дека ќе ги унапредат своите односи со Приштина на повисоко ниво, политички директори, што е најависока можна личност на ниво на министри“, објасни Вучиќ.

Претседателот рекол дека ќе ја замоли Грција тоа да не се случи, бидејќи следен чекор е признавање на независноста.

Тоа е спрема неговите зборови, проблем, бидејќи со тоа не покажува само дека Европа кога станува збор за Косово, би можела да биде обединета против интересите на Србија, туку и поради фактот дека тоа е спротивно на меѓународниот правен поредок.

Според Вучиќ постои дополнителна опасност и други држави да бидат притиснати истото тоа да го сторат.

Тога сигурно, ќе се оди на билатерални договори, каде што некоја трета земја ќе ја претстави Приштина во меѓународните организации, и така ќе стане дел од НАТО.

„Ситуацијата е многу тешка за нас. Го повикавме грчкиот амбасадор на разговор, но не преземавме никакви мерки“

Запрашан дали добил уверување дека Грција нема да го признае Косово, вели дека такви уверување добива секој ден, но фактите зборуват дека тие „го зголемуваат нивото на своите односи“ со Косово.

Најавено е дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас ќе ја посети Приштина на почеток на јуни, и дека ќе се состане со политичарите на косовските институции.

„Во наредниот период очекувам повеќе посети на Белград, каде што ќе се врши притисок. Ќе има и регионални иницијативни обиди да се обезбеди косовска независност. Ќе нудат некои решенија кои на прв поглед ќе се добри, но позади тоа дефакто се крие признавање“, укажа Вучиќ.

Извор: B92.срб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk