Грција протерува руски дипломати поради Македонија

Грчките власти соопштиле дека двајца руски дипломати добиле статус персона нон грата, како и на уште двајца им е забранет влез во земјата поради обид да влијаат на одлуката по прашањето за Македонија.

Повикувајќи се на неименувани извори од грчката Влада, во грчкиот весник Екатемерини, се вели дека Атина оваа одлука ја донела врз база на тврдења дека руските дипломати извршувале незаконски работи, мешање во внатрешните работи на Грција.

Атина ги обвинува руските дипломати дека се обидувале да извлечат информации и да подмитат грчки државни службеници. Спрема грчките диплматски извори на високо нив, Атина повикува на протерување на два члена службени лица, вклучувајќи го и рускиот амбасадор Виктор Јаковљев.

И покрај овој најнов настан, истиот извор наведува дека Грција продолжува во склад со својата долгогодишна политика да одржува добри односи во соработка со Русија и да промовира пријателство меѓу двата народа, но додава дека тоа може само во сучај ако земјите го почитуваат меѓусебениот суверенитет.

Протерувањео на руските дипломати од Грција се случува на ден пред почеток на НАТО самитот во Брисел.

 
Kathimerini English [email protected]

The Greek government has decided to expel two Russian diplomats, and ban the entry into #Greece of two more, accusing them of intrusion into domestic affairs and illegal acts against Greece's national securityhttp://www.ekathimerini.com/230551
7:37 AM - Jul 11, 2018

Greece decides to expel Russian diplomats, Vassilis Nedos | Kathimerini
The Greek government has decided to expel two Russian diplomats, and ban the entry into Greece of two more, accusing them of intrusion into domestic affairs and illegal acts against Greece's national...
ekathimerini.com

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари