logo
logo
logo

Грција: Полициско насилство врз момче во атинската населба Неа Смирни

Vecer | 08.03.2021

Грција: Полициско насилство врз момче во атинската населба Неа Смирни

Жителите на атинската населба Неа Смирни, преку сведоштва и објавени видеа на социјалните мрежи обвинуваат за полициско насилство врз момче, за што и синоќа одржаа и протест, а реагира и обвинителството, јави дописничката на МИА од Атина.

Според објавените видеа, полицајците тепаат младо момче кое вика дека го боли и бара да прекинат со ударите со пендреци.

Како што сведочат жители на населбата за грчките медиуми, инцидентите започнале на плоштадот во населбата кога пристигнале полицајци да извршат контроли за почитувањето на рестриктивните мерки, а група граѓани реагирале кога полицајците, според тврдењата на граѓаните, без причина сакале да казнат семејство.

Од полицијата пак, преку соопштение тврдеа дека полицијата била нападната од 30 лица, биле повредени двајца полицајци и приведени 11 лица, додека пак за видеото со насилството наредена е внатрешна истрага.

Жителите на населбата, кусо по инцидентот, одржаа собир против полициското насилство, а протестот заврши со мали инциденти.

Грчките медиуми утрово објавија дека за инцидентите реагирало обвинителството, кое ќе отвори истрага, а целиот случај предизвика и политички реакции во Грција.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk