logo
logo
logo

Грција под опсада на огнена стихија, 80 куќи пеплосани од пожарите

Vecer | 04.08.2021

Грција под опсада на огнена стихија, 80 куќи пеплосани од пожарите

Ширум Грција избиваат пожари поради високите температури, кој во најголем дел во земјата надминуваат 40 степени.

Спрема последните информации, моментално активни се 78 пожари, чие гасење го отежнуваат ветровите Малтеми, кои дуваат во оваа доба од годината.

Засега пожарите се држат под контрола, нема човечки жртви, но матерјалната и еколошката штета се големи.

Грчката престолнина е прекриена до чад и пепел, бидејќи сеуште не изгаснат пожарот во северното предградие на Атина, кај местото Татоу.

Изгореле околу 80 куќи, пожарот е под контрола, но сообраќајот е затворен на дел од автопатот кој од север стигнува до Атина.

Жителите на Грција чии куќи настрадале во пожарот, сместени се во хотели на сметка на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk