Грчкиот парламент го усвои Законот за производство на медицински канабис

Со големо мнозинство, грчкиот парламент го усвои Законот за производство на медицински канабис.

Против Законот гласаа пратениците на Нова демократија, Комистичката партија, Златна зора и Сојузот на централистите.

Според грчките власти, медикаментите имаат корисно дејство, а законот дава можност за лесен пристап на пациентите до готови фармацевтски производи од канабис. Според нив, на овој начин ќе се регулираат производството, контролата и дистрибуцијата на медикаментите, а ќе се промовираат и инвестиции во овој сектор.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари