logo
logo
logo

Грчката влада под притисок поради афера за силување малолетници: Падна првата оставка!

Vecer | 01.03.2021

Грчката влада под притисок поради афера за силување малолетници: Падна првата оставка!

Портпаролот на грчката влада, Кристос Тарантилис поднесе оставка повикувајќи се на „семејни причини“, додека властите се на мета поради афера со силување малолетници.

Тарантилис (57) во писмо до премиерот Киријакос Мицотакис наведе дека од семејни причини не може повеќе да биде портпарол на владата, но дека останува пратеник од владејчаката конзервативна Нова демократија.

Тарантилис стана портпарол пред помалку од два месеци, на почетокот на јануари, кога беше направена козметичка реконструкција на Владата, а на тоа место ќе го наследи неговата заменичка Аристотелија Пелони.

Десничарската влада е на мета на критики од опозицијата и медиумите кои ја обвинуваат власта дека сакаат да го заташкаат случајот на сменетиот директор на Народниот театар Димитрис Линдијадис, кого го именуваше владата.

Тој е во притвор, обвинет за две силувања на малолетници.

Левичарската опозиција и медиумите бараат оставка од минисерката за култура Лина Мендона, која го именуваше Линдијадис за директор на театарот.

Во Грција, последните два месеца се зголемува бројот на пријави и истраги на случаи со сексуално злоставување во областите на спорт и култура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk