Грабар-Китаровиќ: Не знам дали ќе имам пари за да одам на „Вембли“

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, синоќа беше на натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија на стадионот „Максимир“. Хрватска со гол во последен момент ја победи Шпанија, а претседателката по натпреварот беше добро расположена, објави Индекс.хр.

„Беше напнато, ви реков дека ќе победиме. Им честитам на играчите и на Далиќ. Добар натпревар. Им честитам на навивачите“, рекла таа.

В недела Хрватска ќе игра против Англија на „Вембли“. Но, Грабар-Китаровиќ се сомнева дека ќе го гледа натпреварот во живо. Вели дека не знае дали ќе има пари.

„Не знам дали ќе успеам. Знам дека е решавачка. Одам на финалето на Дејвис купот, па не сум сигурна дека ќе имам финансиски средства уште оваа година да отидам и на ‘Вембли’“, рекла претседателката, пренесува РТЛ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари