logo
logo
logo

Гори во северните предградија на Атина. Мицотакис: „Ова е кошмар“

Vecer | 04.08.2021

Гори во северните предградија на Атина. Мицотакис: „Ова е кошмар“

"Кошмар владее во предградието на градот. Главниот приоритет е да се спасат животите на луѓето", рече премиерот Киријакос Мицотакис по обиколката на погодената област.

Хеликоптери и авиони се вклучени во гаснењето на пожарот од раните зори. Ветрот е ослабен и противпожарните бригади се обидуваат да го искористат тоа затишје.

„Се надеваме дека ќе го ставиме под контрола пожарот пред да почне повторно да дува“, изјави водачот на противпожарната бригада за државната телевизија.

За сега нема информации за жртви, а неколку населени места беа евакуирани претходниот ден.

Поради густиот чад, видливоста е намалена утрово во Атина, а воздухот мириса на чад. Пепел паѓа врз куќите и од жителите се бара да не ги напуштаат куќите и да ги затворат прозорците.

Денеска во Атина повторно се очекуваат многу високи температури, околу 43 и 44 Целзиусови степени, а метеоролозите предупредуваат дека неподносливата топлина ќе продолжи до крајот на викендот.

Пожари избија и на островите Евбоја, полуостровот Пелопонез и островите Кос и Родос.

До вторникот вечерта имаше 40 активни пожари во Грција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk