logo
logo
logo

Грција под “опсада“ на земјотреси и пожари...

ГОРИ РОДОС! Пожарот се заканува и на ВОЕНАТА БАЗА, НАРЕДЕНА ИТНА ЕВАКУАЦИЈА, островот без струја и вода (фото)

Vecer | 02.08.2021

ГОРИ РОДОС! Пожарот се заканува и на ВОЕНАТА БАЗА, НАРЕДЕНА ИТНА ЕВАКУАЦИЈА, островот без струја и вода (фото)

Поради пожари кои во неделата избиле на Родос, поголем дел од овој грчки острова останал без струја.

Пожарот се заканува и на познатата Долина на пеперутки, воената база Каламона и селото Псинтос, од каде што сите се евакуирани.

Пожарникарите ги повикале жителите од околните села и населби исто така да се евакуираат, бидејќи огнот може многу брзо са се прошири, пренесува порталот Grik riporter.

Пожарот го гасат два авиона и три хелихоптери од воздух.

Високите температури и силен ветер придонесуваат ширење на пожарите и во други делови на Грција.

На Пелопнез пламнат шумски пожари од саботата, а мештаните од неколку села се евакуирани.

Од безбедносни причини делови од автопатот Патре - Коринт биле затворени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk